СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска да ја отстапат реконструкцијата на Универзална сала на Владата
Локалната власт во град Скопје е неспособна и за една и пол година нема реализирано ниту еден проект.
Проектот за реконструкција на Универзална сала е закочен целосно..
Без разлика дали станува збор за лични хирови на Арсовска или на шпицниот градоначалник Мицкоски.
Реконструкцијата на еден од најважните објекти за Скопје е стопирана, а Универзална сала е во речиси руинирана состојба.
Овој проект финансиски е поддржан од Владата со 120 милиони денари. Од нив искористени се 40 милиони што значи дека остануваат уште 80 милиони денари, доволни за реконструкцијата да се заврши.
Бидејќи Арсовска и ВМОР-ДПМНЕ немаат намера да го довршат овој проект, ние како советничка група поднесовме иницијатива за времено отстапување на правото на користење од Град Скопје на Владата на Република Северна Македонија.
Ги повикуваме сите советници од сите советнички групи да дадат поддршка на Иницијативата и овој објект да биде времено преземен од Владата, а по неговата реконструкција тој повторно ќе биде вратен на Градот.
Универзална сала е симбол на солидарноста и на Скопје, објект врежан во сеќавањето на генерации скопјани.
Да не дозволиме овој објект да пропаѓа, туку да му го вратиме некогашниот сјај и повторно да биде еден од најважните културни објекти во државата.
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека не е загрижен за напади поддржани од Иран на американско тло
-

Ердоган повикува на завршување на војната во Иран пред да биде зафатен целиот регион
-

САД ги предупредија цивилите да ги избегнуваат пристаништата што ги користат иранските сили
-

Трамп изјавил за Аксиос дека војната ќе заврши „наскоро“
-

Мицкоски: Со претставниците на маркетите заклучивме дека треба да има фер цени на производите, не и ново зголемување
-

Намален бројот на работници во индустријата
-

Раст од 6,2 проценти на бројот на туристи во јануари
-

Десет пожари за десет дена во Крива Паланка
