Македонија
9. јуни 2020 - 17:42

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот извор на лажни вести, „Форбс“ не направил листа на најбезбедни земји во светот во време на пандемија

СДСМ со реакција дека ВМРО-ДПМНЕ секој ден лажира нови лажни вести. Од партијата велат дека ВМРО-ДПМНЕ со право го носи епитетот извор на лажни вести. Не само што измислува свои лаги, оваа партија се обидува да манипулира и со туѓи нерелевантни информации.
Медиумски анализи покажуваат дека наводната листа на „Форбс“ за најбезбедни земји во светот во време на пандемијата на коронавирусот воопшто не е на реномираниот магазин „Форбс“.
Обидите за манипулација на граѓаните од страна на ВМРО-ДПМНЕ паѓаат во вода, со оглед на тоа дека во јавноста веќе излезе информацијата дека рангирањето е направено од компанијата Дип ноулиџ груп (Deep Knowledge group), а „Форбс“ само ја пренесува. Критики за оваа листа на компанијата стигнаа од  цел свет, со оглед на тоа дека воопшто не е наведена методологијата на рангирање, а од страна на компанијата е наведено дека користени се јавно достапни информации и дека не презема одговорност за точноста на истата.
Интересно е тоа што оваа листа е објавена уште во април и оттогаш до сега објавени се бројни текстови и анализи со сомнежи за релевантноста на анализата и точноста на податоците.
Обидите на ВМРО-ДПМНЕ за рециклажа на стари и веќе пробиени вести, категоризирани како сомнителни, се знак дека оваа партија е западната во голем очај.
Вистината е многу јасна. Додека сите се борат со последиците од коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ се борат да објават што повеќе лажни вести. За таквото однесување ќе бидат жестоко казнети од граѓаните.