Македонија
30. May 2021 - 18:55

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да си го гледа сопствениот двор

ВМРО-ДПМНЕ може да учи што значи демократизација на партијата, отвореност за нови членови и идеи и процес на постојани промени.

Наместо да пласира небулозни соопштенија, ВМРО-ДПМНЕ треба да си погледне во сопствениот двор. Таа партија предводена од Христијан Мицкоски се уште е заглавена во режимската матрица која е контролирана од бегалецот во Будимпешта.

Со години граѓаните од ВМРО-ДПМНЕ не гледаат ништо освен деструкции, лажни вести и беспоштедна одбрана на криминалот и насилството.

Затоа редат порази, затоа се таму каде што се, во опозиција каде уште долго ќе останат.

 

Центар за комуникации со јавноста

 

 

 

 

Ново на Сител