СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири неоснована паника, ситуацијата е под контрола

Најдобрата помош што може да ја даде ВМРО-ДПМНЕ е да престане да шири и предизвикува неоснован страв и паника меѓу граѓаните.
Ситуацијата е под контрола, откако вчера беше потврдени првиот случај на лице заразено со корона вирус во земјата, институциите се подготвени за брза реакција и ги презмеаат сите неопходни мерки согласно меѓународните протоколи.
Додека сите институции се ставени во функција за справување со Ковид-19 вирусот, ВМРО-ДПМНЕ во препознатлив стил се обидува преку лаги и конструкции да добие ситно дневно политички поени.
Граѓаните, вклучувајќи го тука ВМРО-ДПМНЕ треба да ги почитуваат препораките на министерството за здравство, да се однесуваат одговорно и да не шират дефетизам и паника.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-

Дрвокрадци го пустошат дрвниот фонд на Македонија
-

Селекција на отпад
-

Преглед на вестите од светот
-

Колапс на македонската економија ако не се одложи ЕЕС системот за превозниците
-

Тема на денот со Ели Панова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ
-

Власта обезбеди 2/3 мнозинство за Сејф сити и омбудсманот без СДСМ и ДУИ
-

СДСМ бара враќање на членот 353 од кривичниот законик кои сами го укинаа, за ВМРО-ДПМНЕ ова е лицемерно
-

Филков: Случајот со заѕиданите 350 илјади евра кај судија е симбол на неказнивост
