СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги остави надлежните да работат и да не шири паника
Лицемерно е барањето на ВМРО-ДПМНЕ да се свика собраниска седница за пожарите. Очигледно пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имаат задача по секоја цена да ја блокираат работата на Собранието на Република Македонија, а на штета на граѓаните. Ова денеска на прес-конференција го истакна пратеникот во Собранието од СДСМ Петре Шилегов.
- Со лицемерни барања ВМРО-ДПМНЕ не може да ја избегне одговороноста за хаосот што го оставија по нивното 11-годишно владеење и нефунцкионалност како на механизацијата, така и на целокупниот систем за справување со кризни состојби, рече Шилегов.
Според него, ВМРО-ДПМНЕ ги крадел парите на граѓаните за лускузирање на поединци и ги игнорирал основните потреби на граѓаните и институциите.
- Поради неодговорното и расипничко владеење, денес, надлежните служби работат во нестандардни услови, со нефункционална и застарена механизација и со стара и дотраена опрема. Дури и купените авиони за гаснење пожар не беа функционални се до доаѓањето на новата власт. Сепак, и во вакви тешки услови за работа, сите ангажирани лица даваат се од себе за брзо и ефикасно гаснење на пожарите за кои за дел од нив постои сомнеж и дека се намерно подметнати, рече Шилегов. Додаде дека надлежните министерства и институции преку постојаното и активно делување на терен, прават се за да се изгаснат пожарите кои се случуваат на неколку локации.
Тој нагласи дека сите ангажирани лица на терен, припадниците на Армијата и војниците прават натчовечки напори за што побрзо да се изгаснат пожароте.
- ВМРО-ДПМНЕ кои еднствено знаат да ги кочат реформите и работата во Собранието, треба да ги остават надлежните институции да ја работат својата работа и да престанат да шират паника помеѓу населението. По справувањето со пожарите, очекуваме и детална истрага за јавноста да дознае дали постои организирано подметнување на пожари на различни локации во државата, рече Шилегов.
Ново на Сител
-
Пијан кривопаланчанец три пати со нож избол 22-годишна девојка во вратот
-
Пронајдена и третата жртва во несреќата во рудникот Велење
-
Бислимовски: Треба да им се помогне на комуналните претпријатија, но и тие треба да ги оптимизираат трошоците
-
Трамп го повика Путин да запре со „бесмислената војна“ во Украина
-
Милановиќ: Хрватска не може да ја заврши војната во Украина, но може да се оддалечи од неа
-
Лазаров: Против Катар повторно да бидеме на високо ниво
-
Тошковски: Со нова донирана опрема МВР ќе ја подобри истрагата на местото на настанот
-
Најмалку 10 мртви во снежна бура на југоистокот на САД