СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ без енергетска криза ја поскапе струјата за 100 отсто и ја укина евтината тарифа
За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ цената на електричната енергија за домаќинствата се зголеми за 100 отсто, а добар дел од овој период Христијан Мицкоски беше советник за енергетика на Никола Груевски а потоа и директор на ЕСМ.
Без да има каква било глобална енергетска ВМРО-ДПМНЕ ја укина и дневната евтина тарифа, а потоа како опозиција се противеше на нејзиното враќање.
Денес, Вадата предводена од СДСМ и во услови на глобална енергетска криза презема мерки за справување со истата како и заштита на стандардот на граѓаните и стопанството.
Навремено се активирани сите расположливи капацитети за производство на струја од домашни извори со цел да се намали зависноста од увоз на скапа струја што директно влијае врз цената на електричната енергија.
Истовремено, Владата предводена од СДСМ обезбеди 60 милиони денари со кои ќе им помогне на околу 7.500 семејства од ранливи категории преку субвенционирање на сметките за електрична енергија.
Владата и надлежните институции ја следат состојбата во енергетскиот сектор и подготвени се да се справат со сите предизвици кои ќе следат во наредниот период.
СДСМ продолжува со реализација на мерки за заштита на животниот стандард и унапредување на енергетскиот сектор.
СДСМ Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта