СДСМ: Веднаш да прекине блокадата на главниот град
Христијан Мицкоски да прекине со изживувањето врз скопјани и да ги запре блокадите.
Блокадите и хаосот во Скопје се во политичка режија на Христијан Мицкоски.
Трет ден сообраќајот во Градот е целосно парализиран, граѓаните не можат навреме да стигнат до своите работни места, до здравствените установи, до училиштата и факултетите, а потешкотии во движењето имаат и возилата на Итната медицинска помош и противпожарната бригада.
Поради неспособните кадри на ВМРО-ДПМНЕ и кавгите меѓу Мицкоски и Арсовска штета трпат граѓаните.
Мицкоски да издаде партиска директива до неговите Данела Арсовска, Трајко Славески, директорите и раководителите на Јавните претпријатија на град Скопје и до неговиот поддржувач Ленин Јовановски, веднаш да ги тргнат блокадите.
Недозволиво е скопјани да трпат штета заради нивните бизнис и партиски интереси.
Веднаш да прекине блокадата на главниот град.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори