СДСМ: Уставните измени се важни за европската иднина, подготвени сме да разговараме со сите партии
Во многу наврати во минатото укажавме дека пред започнување на процесот односно пред започнување на постапката во Собранието ќе разговараме со сите политички чинители, со сите политички партии којшто имаат претставници во парламентот, така ќе биде и овој пат.
Нашиот план е соочување односно прикажување на аргументи, факти дека ова е важно и добро да го направиме за да го продолжиме европскиот пат на државата. Нашиот план е да разговараме со сите политички партии. Верувам дека од она што веќе го слушаме голем број од политичките партии, голем број од пратениците она што го говорат по ходниците е дека ќе се одважат и ќе гласаат за уставните измени.
Така да одговорот на вашето прашање е дека нашиот план е да разговараме со сите. Токму оваа Влада и во изминатиот период посочи дека е важно да се разговара со сите политички чинители, со сите политички партии затоа што ова е нешто што им го должиме на граѓаните. Европскиот пат мора да продолжи и нашата држава да биде интегрирана во ЕУ.
Укажавме дека како одговорна политичка партија сите аргументи ќе ги изнесеме на маса, ќе разговараме со сите политички чинители затоа што е важно да го продолжиме европскиот пат, затоа што е тоа наше ветување дека Република Северна Македонија час поскоро ќе биде дел од ЕУ, ќе ги продолжи преговорите и ќе биде дел од ЕУ.
Ново на Сител
-
УХМР: Следните два дена топло, потоа локален пороен дожд и ветер
-
Нелегално оружје и муниција одземени од стружанец, за дел поседувал дозвола
-
Три месеци затвор за убиството на кучето Феликс
-
Лекар во Струшката болница го оштетил буџетот на установата за два милиони денари
-
Кривична пријава за дебранец за недозволено изработување и трговија со оружје и муниција
-
Лим од заштитна ограда на градилиште падна врз велосипедист кај „Беко“
-
Го фатила за врат снимателот и му ја оштетила камерата, на новинарот му го одзеле и фрлиле телефонот, обвинение за нападот во Визбегово
-
Модриќ потпиша за Милан