СДСМ: Трајановски да даде отчет за направените штети и украденото од граѓаните

СДСМ смета дека во периодот во кој градоначалникот Коце Трајановски управувал со Скопје, градот го изгубил сјајот што го имал како главен град на Република Македонија, и оти тој не направил ништо за задоволување на потребите на граѓаните.
- Граѓаните очекуваат Трајановски да даде отчет за криминалното нагрдување на центарот на градот со проектот Скопје 2014, кој однесе милиони евра граѓански пари за апсурдни барокни градби во услови кога илјадници граѓани беа оставени да живеат под прагот на сиромаштија, се вели во ракцијата на СДСМ на денешниот отчет на Трајановски за неговата работа во изминатиот мандат.
Од партијата сметаат дека тој треба да даде отчет за, како што велат, бесрамните сечи на градското зеленило на повеќе локации низ градот што ги дозволи за нечии бизнис интереси со што предизвикал дополнително загадување на воздухот во Скопје кое претставува закана по здравјето на скопјани.
- Граѓаните на Скопје знаат дека Трајановски не направи ништо за нивните реални потреби. Нема соодветни водоводни инсталации, нема енергетски фасади, поплави одзедоа човечки животи поради тоа што нема атмосферска канализација во сите делови на главниот град, реагираат од СДСМ и додаваат оти затоа граѓаните на Скопје ќе изберат нова локална власт.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Фирми блиски до СДСМ се главни за марихуаната
-

„Безбеден град“ за една недела регистрирал 4 991 прекршок, најмногу за брзо возење
-

СДСМ: Како поминаа 5 тони дрога на граница?
-

ЈОРСМ: Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана
-

Француската морнарица заплени 1,4 тони кокаин вреден 41 милион евра
-

Орбан: Клинтон бараше Унгарија копнено да ја нападне Србија
-

Пратениците утре ќе работата и покрај протестот на ССМ
-

Владина делегација во Париз на средби со високи претставници на УНЕСКО
