СДСМ: СОНК да го продолжи дијалогот, прекинот на наставата е на штета на децата
Интересот на децата и образовниот процес треба биде заеднички приоритет.
Прекинот на наставата може сериозно да се одрази врз наставниот процес и да им наштети на учениците.
За негативните последици од прекинот на наставата предупреди и УНИЦЕФ, најголемата меѓународна организација за помош на децата во светот.
Ако се продолжи со прекин на наставата, учениците и наставниците ќе се соочат со пролонгирање на школската година или ќе мора изгубените часови да се надоместат со настава во сабота.
Прекин на наставата може да им наштети на уписите, на државната матура, но и на околу петстотини наставници кои треба да полагаат стручен испит.
Затоа апелираме СОНК да се врати на разговорите, да продолжи социјалниот дијалог, само така ќе може да се дојде до решение.
Владата предводена од СДСМ покажа слух и разбирање за сите граѓани, за сите работници. Покажа дека го вреднува трудот на наставничките, воспитувачките, учителите, на сите.
За период од четири и пол години платите во образованието се зголемени од 3.200 до 6.400 денари.
Покрај инвестициите во човечкиот капитал, реализиравме бројни проекти за подобрување на условите за работа на наставниот кадар преку изградба и реновирање на училишни објекти.
Раст на платите во образованието ќе има, како и досега заедно со сите засегнати страни низ дијалог ќе дојдеме до решение кое е во интерес на наставниците.
Дијалогот ќе продолжи, наставниците ќе добијат повисоки плати, но во процесот на изнаоѓање решенија, учениците не смеат да трпат последици.
Центар за комуникации со јавноста-СДСМ
Ново на Сител
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Возачот кој ја прегази Фросина осуден на 12 години затвор
-
Таравари си замина – ВРЕДИ очекува прелет на пратеници
-
Кој ќе биде министер за здравство по заминувањето на Таравари?
-
Фрчковски осомничен за злоупотреба на државни пари, тој вели – срамен притисок врз критичарите на власта
-
СДСМ: Целосен дебакл на надворешната политика - Владата не знае каде тера