СДСМ: Со намалување на ДДВ за струјата од 18 на 5 отсто им помагаме на домаќинствата за кратење на нивните трошоци
Владата предводена од СДСМ континуирано креира и реализира мерки и политики со кои го штити и зголемува животниот стандард на граѓаните, обезбедува повеќе пари во семејните буџети.
Во таа насока е и одлуката за намалување на данокот на додадена вредност за електричната енергија од 18 на 5 отсто од 1 јули годинава.
Целта на намалувањето на данокот на додадена вредност е со пониски цени да им се помогне на домаќинствата за намалување на нивните трошоци.
Со ова намалување граѓаните нема да го почувствуваат можното движење на цената на струјата и ќе се компензира евентуално зголемување на трошоците кај струјата.
Сепак, последниот збор за утврдување на цената на електричната енергија го има Регулаторната комисија за енергетика.
Почитувани, институциите предводени од СДСМ секогаш се на страната на граѓаните и работат за подобрување на животниот стандард.
Цената на струјата во време на ВМРО-ДПМНЕ, во време на најнеспособниот директор на ЕСМ и советник за енергетика на Груевски, Христијан Мицкоски се зголеми за 100%.
Покрај зголемување на цената, токму ВМРО-ДПМНЕ ја укина евтината тарифа на струјата што значеше и сериозен дополнителен удар врз џебот на граѓаните, а државата ја направија зависна од увоз на струја.
За нас зборот е збор, ја вративме евтината тарифа за струјата, а електричната енергија во Македонија е меѓу најевтините во регионот и во Европа.
СДСМ како одговорна партија работи чесно, одговорно и единствено во интерес на граѓаните.
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Арбен Таравари си поднесе оставка од министерската функција
-
Притвор за дилер од Битола, продавал марихуана на деца
-
Лавров: Ситуацијата околу преговорите во Истанбул е интригантна, ќе има тешки разговори
-
Дизелот поскапува, цената на бензините останува иста
-
Полицаец фатил 15-годишник како вози па бил нападнат од него и неговиот татко
-
Малолетник силувал 14-годишник во Карпош
-
Полицијата уапси три лица во Скопје, пронајдена марихуана, прашкаста и грутчеста материја
-
27-годишик од скопско загинал кога со возило удрил во столбче на патот па во баднера, која паднала врз возилото