СДСМ: Со кредитната линија КОВИД 3 одобрени 2.009 барања за бескаматни кредити во вредност од 23 милиони евра
Во време на здравствена и економска криза, Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, продолжува со поддршка на сите погодени од коронакризата, преку владините економски пакети.
Нови 733 кредитни барања се одобрени преку Развојната банка, од третата бескаматна кредитна линија, со грант компонентна, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија.
Досега, се одобрени вкупно 2.009 кредитни барања со вкупен износ од 23 милиони евра.
Кај одобрените претпријатија, вработени се вкупно 15.197 граѓани.
Со оваа кредитна линија, поддржани се 1.123 мали компании, 741 микро компании, вкупно 106 трговци-поединци, додека 39 кредитни барања се одобрени за занаетчии.
Почитувани,
Економските мерки на владата предводена од СДСМ ги даваат посакуваните резултати.
Пакетите економски мерки ги зачувуваат работните места, и ги поддржуваат фирмите кои како последица од коронакризата трпат загуби.
СДСМ како одговорна партија останува посветена на креирање политики и мерки, за полесно справување со последиците од кризата.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Почнува судењето на францускиот хирург обвинет за силување на стотици деца под анестезија
-
Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино
-
Намален бројот на работници во индустријата
-
Историски максимум на цената на кафето арабика на берзите
-
МОН: Јаневска на самит во Будимпешта, ќе се продлабочува соработката помеѓу Западен Балкан и Унгарија
-
Георгиев: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев
-
Околу 600 вработени во централата на УСАИД во Вашингтон добија забрана за влез во Агенцијата откако Маск најави нејзино затворање
-
Во средните училишта се спроведува проект за популаризација на воената професија