СДСМ: Сите услови за усвојување на уставните измени се исполнети
Сите услови што Христијан Мицкоски ги постави за ДПМНЕ да поддржи уставни измени, се исполнети.
Министрите од редовите на ДУИ поднесоа оставки кои ќе се ефектуираат откако ќе бидат усвоени уставните измени и со тоа се исполнува условот на Мицкоски, за учество во Влада без ДУИ.
Уставните измени се јавно достапни за сите и за нивната содржина никој не е против, вклучително и Мицкоски и ДПМНЕ.
Со измените на Уставот се забрзува процесот на интеграција во ЕУ, но истовремено се задржува примарната уставотворност на македонскиот народ и се става крај на тезата „еден народ две држави“ кои со децении ја промовираат одредени туѓи центри.
Мицкоски има шанса макар еднаш да се престрои на страна на државните и национални интереси.
Ако навистина се грижат за интересите на државата и за европската агенда, тогаш Мицкоски и ДПМНЕ ќе дадат поддршка за измените на Уставот.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-
Трипуновски: Рекордна цена на најзастапените сорти на грозје
-
Киев: Соборени 40 од 60 дронови со кои Русија ја нападна Украина
-
Пријавен случај на подметнување пожар во Делчево
-
Активни два пожари на отворен простор, четири ставени под контрола, 22 целосно изгаснати
-
Иранскиот претседател бил повреден за време на војната со Израел
-
27 лица загинаа во израелски напади во Газа
-
Црна Гора го одбележува Денот на државноста
-
Повредени 12 лица во Атина откако паркиран џип почнал да се движи и удрил во ресторан