СДСМ: Силно и одлучно кон иднината, граѓаните се сигурни со Ковачевски
СДСМ е консолидирана, обединета партија која се враќа на победничките патеки и граѓаните тоа го препознаваат.
Доказ за тоа е преполната сала синоќа во Домот на културата во Битола каде се одржа првата од циклусот трибини „Силно и одлучно кон иднината.“
Граѓаните знаат дека со СДСМ и Димитар Ковачевски се сигурни, дури и во време на светска економска и енергетска криза.
За само неколку месеци од мандатот, Ковачевски и Владата предводена од СДСМ презедоа низа чекори кои значат унапредување на животниот стандард на граѓаните.
Минималната плата ја зголемивме на 18.000 денари, два пати ги зголемивме пензиите за вкупно 10 отсто, донесени и реализирани се два пакета на антикризни мерки вредни над 750 милиони евра.
Во време на светска енергетска на располагање се ставени сите домашни капацитети за производство на електрична енергија, а Владата особено премиерот Ковачевски преку партнерски однос успеваат да обезбедат доволно енергенси од соседните земји.
Огромен напредок е направен и во евроинтеграциите, по цели 17 години државата ги започна преговорите за полноправно членство во ЕУ.
Тоа е одговорниот, државнички пристап на СДСМ и Ковачевски, однос што граѓаните го препознаваат, однос кој е дијаметрално спротивен од деструкциите и антиевропското однесување на ВМРО-ДПМНЕ.
Грижата на СДСМ за граѓаните и државата продолжува.
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии
-
Инциденцата и преваленцата на малигни заболувања кај пациентите од истокот е во пораст
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартува инвестиција на „Шахтерм“ - Турска фабрика за греачи за бела техника