СДСМ: Септемвриската пензија зголемена за 1,8 отсто
Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерки што обезбедуваат повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.
Со годишното усогласување на пензиите кое се прави согласно со порастот на платите и трошоците за живот, сите пензионери добиваат повисока септемвриска пензија за 1,8 отсто.
Ова е второ усогласување на пензиите годинава. Првото усогласување на пензиите беше направено на почетокот на 2018 година и изнесуваше 1,69 отсто.
Со тоа, просечната пензија за месец септември во Република Македонија со вклучено усогласување од 1,8 отсто изнесува 14.500 денари, додека, за споредба во септември 2016 година таа изнесувала 13.106 денари .
Зборот е збор! Владата предводена од СДСМ во континуитет го спроведува законското усогласување на пензиите. Конечно, пензионерите го добиваат она кое што законски им следува, а со години им беше ускратено од претходната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ.
Владата предводена од СДСМ останува посветена на спроведување на мерките од Програмата за работа на Владата, преку кои се обезбедуваат повисоки плати и пензии, нови работни места, повеќе странски инвесттиции и зголемен економски раст.
Исклучително е важно Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО за овие позитивни трендови да се зголемат. Тоа ќе донесе придобивки за сите наши граѓани.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Околу 18.000 Сиријци се вратија дома по падот на Асад
-
Сиљановска Давкова: Треба да ги тераме ЕУ реформите, Европајнин се станува со почитување на правото
-
Тошковски: Прашањето не е дали, туку кога Груби ќе се најде пред лицето на правдата во нашата држава
-
Димитровска: Нема судир на интереси во случајот со членот на ДКСК и директорот на АНБ
-
АМСМ: Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка
-
Скопјанка измамена за 45.000 денари - ја излажале дека ќерка ѝ предизвикала сообраќајка
-
Пронајдена уште една црна кутија на местото на авионската несреќа во Казахстан
-
Бегајќи од полицијата, предизвикал две сообраќајки - лишен од слобода млад скопјанец