СДСМ: Разликата е огромна - ВМРО-ДПМНЕ и Левица уназадуваат, а СДСМ наоѓа решенија
Владата предводена од СДСМ изнајде начин да стави крај на блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица кои во Собранието кочат закони кои се од интерес на граѓаните.
40 илјади граѓани кои во моментот се без лична карта ќе можат да го остварат своето право да си ги подигнат своите пари.
Во соработка со Македонската банкарска асоцијација Владата предводена од СДСМ најде решение со кое овозможува непречено користење на услугите.
Граѓаните кои немаат важечки лични карти, ќе може да користат услуги на банки и штедилници со пасоши. Исто така, доволни ќе бидат и потврдите од МВР за поднесено барање за издавање на лична карта.
Владата предводена од СДСМ работи и на изнаоѓање на начин да го обезбеди и уставно загарантираното право на граѓаните да не бидат исклучени од избирачкиот список поради истек на лични карти.
Разликата е огромна: ВМРО-ДПМНЕ и Левица блокираат и уназадуваат, Владата предводена од СДСМ наоѓа решенија.
На граѓаните не смеат да им бидат ускратени основните човекови права поради партиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ и Левица.
Блокадите се на штета на граѓаните и државата и затоа пратениците од опозицијата треба да престанат и да почнат да работат во интерес на граѓаните.
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово