СДСМ: Просечната плата, поттикната од економските политики на СДСМ во изминатите 2,5 години се зголеми за над 4.000 денари
Просечната плата во земјата од 2017 година бележи континуиран нагорен тренд во изминатите две години и се зголеми за речиси 3000 денари од 22.808 денари во јуни 2017 на досега највисоките 26.836 денари во декември 2019 година.
Просечната плата прв пат се искачи над 26.000 денари, благодарение на економските политики на СДСМ, инвестирањето во човечкиот капитал и вратената доверба во економијата.
Официјалните податоци покажуваат дека просечната плата е зголемена во речиси сите сектори.
Официјалните податоци само ја потврдуваат исправноста на политиките и мерките на СДСМ во економијата и инвестирањето во човечкиот капитал.
Продолжуваме со мерките кои обезбедуваат повеќе пари во семејните буџети и со настојувањата просечната плата да се искачи на 30.000 денари.
На прав пат сме и затоа граѓаните на 12 април ќе го дадат својот глас за поголеми плати и подобрување на животниот стандард.
Ново на Сител
-
Фатени 15 рибокрадци само во месец јануари
-
Преглед на вестите од светот
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот