-->
-->
СДСМ: Пораст на пензиите во просек по 900 денари и 3.000 денари помош за секој пензионер
-->
Владата предводена од СДСМ постигна договор за рекордно и досега најголемо зголемување на пензиите за околу 330.000 пензионери.
Усвоивме нова методологија за континуиран раст на пензиите, за спокоен и достоинствен живот на пензионерите.
Усогласувањето на пензиите според швајцарски модел ќе биде два пати годишно и се врзува за порастот на трошоците за живот со 50% и за растот на просечната плата со 50%.
Пензионерите од септември, секој месец ќе имаат покачување од 900 денари во просек или годишно 12.000 денари плус пари, што е рекордно зголемување на пензиите во историјата на државата.
Покрај методологијата за раст на пензиите, Владата обезбедува пакет помош за секој пензионер од по 1.000 денари во месеците април, мај и јуни.
СДСМ и премиерот Ковачевски го исполнија ветувањето дадено пред неговиот избор за премиер за најголемото зголемување на пензиите.
СДСМ покрај растот на платите, пензиите, овозможува повеќе пари кај нашите највозрасни граѓани го унапредува нивниот животен стандард.
Центар за комуникации со јавноста
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски во вински саем во Белград - Средба Мицкоски со Вучиќ
-
ЈСП има нафта за 7 дена - Што потоа? Владата ќе набавува електрични автобуси
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, професор по безбедност
-
Мицкоски во Белград на средба со Вучиќ и Вучевиќ
-
Силен ветар предизвика штети во Битола
-
Меѓусебна соработка за справување со корупцијата
-
Андовски: Граѓаните навреме да ги откажуваат термините за снимање за да не се создаваат листи на чекање
-
Протест пред Град Скопје, граѓаните се револтирани од јавниот превоз