СДСМ: Пописот е потребен за напредокот на државата, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги манипулира граѓаните
По речиси две децении, со усвојувањето на Законот за попис и потпишувањето на Указот од страна на претседателот на државата, се исполнети сите нормативни услови за одржување на пописот, како најобемна статистичка операција, според сите меѓународни стандарди.
Со пописот што ќе се одржи оваа пролет ќе се соберат релевантни податоци за креирање на идни политики и стратегии за развој на државата.
Обидите на ВМРО-ДПМНЕ за политизирање и опструкција на пописот и се неодговорни и нема да поминат, бидејќи одржувањето на пописот е во интерес на граѓаните и на развојот и напредокот на државата.
Собирањето потписи против законот за попис од страна на ВМРО-ДПМНЕ им служи единствено за партиска агенда и треба да бидат чесни и на граѓаните да им објаснат дека само со потписи не се поништува Законот.
Исто така обидите да се калкулира со проценти за етничка припадност се непотребни, пописот е статистичка операција, што ќе ја регистрира реалноста таква каква што е, а резултатите нема да значат суспендирање нечии права.
Но, ВМРО ДПМНЕ се научени да бојкотираат, да бидат на спротивната страна на интересите на граѓаните и на државата. Наместо да се стремат за подобар живот на сите граѓани, прават раздор меѓу народот, ги повикуваат граѓаните да ги кршат законите.
Граѓаните ги препознаваат деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ диригирани директно од Будимпешта и токму затоа шест пати по ред ги поразија на избори.
СДСМ како одговорна партија интересот на граѓаните и на државата е на прво место и нема да отстапи пред оние кои во неуспехот на државата, гледаат шанса за себе.
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Филков: Правда ќе има
-
Со мирен марш средношколците од Охрид им оддадоа почит на настраданите во Кочани
-
Уште 17 потешко повредени во текот на ноќта пренесени на лекување во Србија, Грција и Австрија
-
14 осомничени за пожарот во Кочани се во притвор, меѓу нив и екс министерот Бектеши
-
Од денеска теренски контроли на сите кабареа и ноќни клубови, само 12 субјекти во државата поседуваат лиценци
-
14 осомничени за пожарот во Kочани се во притвор, меѓу нив и екс министерот Бектеши
-
Уште 17 потешко повредени во текот на ноќта пренесени на лекување во Србија, Грција и Австрија
-
Бектеши и Трајковски на распит во Кочани