СДСМ поднесе иницијатива до Собранието за продолжување на конститутивната седница
СДСМ денеска поднесе иницијатива во Собранието на Република Македонија за продолжување на конститутивната седница, поткрепена со потписите од 67 пратеници.
- Денеска поднесовме конкретна иницијатива до Собранието на Република Македонија и за повеќе од никого да нема изговори и дилеми околу обезбеденото парламентарно мнозинство доставивме 67 пратенички потписи и покрај тоа што Деловникот тоа не го бара за да продолжи конститутивната седница. Очекуваме Трајко Вељаноски веднаш да свика продолжение на конститутивната седница и конечно оваа клучна институција како претставнички орган на граѓаните на РМ да почне да функционира, што е во интерес на државата, рече Оливер Спасовски, пратеник и генерален секретар на партијата на прес-конференцијата во Собранието по поднесувањето на иницијативата.
Тој додаде дека прв чекор кон тоа е да биде избран претседател на Собранието кој, како што вели, ќе го тргне и последниот неразумен аргумент на претседателот Иванов. Посочи дека тој е должен да го даде мандатот за состав на владата на лидерот на СДСМ Зоран Зоран.
Запрашан дали се догориле околу составот на Комисијата за избори и именувања, Спасовски рече дека очекуваат пред седницата да се свика координација на пратеничките групи во Собранието на која ќе се договорат за сите прашања. Посочи дека претседавачот на Собранието Вељаноски нема рок кога да ја свика собраниската седница, но, вели, очекува тој и секој пратеник да биде на висина на одговорноста.
Околу можниот кандидат за претседател на Собранието, Спасовски рече дека ќе седнат да разговараат откако ќе биде закажано продолжението на седницата.
Конститутивната седница на Собранието се одржа на 30 декември, но беше прекината бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Парламентот.
Ново на Сител
-
Изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Куманово
-
Трамп критикуван од муслиманските организации за навредата кон конгресменот Шумер кого го нарече Палестинец
-
Кремљ: Русија е блиску до протерување на украинските сили од Курск
-
Гутереш: ОН поведува иницијатива за сопствена реформа во пресрет на 80-годишнината од формирањето
-
Идниот премиер на Гренланд ги отфрла идеите на Трамп за американско преземање на островот
-
Сиљановска Давкова на Баку форумот: Да понудиме перспективи за врвниот заеднички интерес за траен мир
-
Во Кривичен денеска треба да биде објавена пресудата за убиството кај „Мавровка“
-
Одбележување на Денот на Специјалната антитерористичка единица ТИГАР