СДСМ: Почнува исплатата на мартовската пензија со дополнителни 1.000 денари финансиска поддршка за секој пензионер
СДСМ, преку институциите што ги предводи, и во време на светска економска криза, продолжува со вистинска грижа за пензионерите.
Денеска започнува етапната исплата на мартовските пензии за околу 330.000 пензионери.
Покрај пензијата секој пензионер, на своја сметка ќе добие дополнителни 1.000 денари како поддршка за полесно справување со последиците од кризата.
Финансиската поддршка од по 1.000 денари за секој пензионер, ќе следува и за месеците април и мај.
Во септември, по усвојувањето на новата методологија за усогласување на пензиите и стабилизирањето на пензискиот фонд, следува историски највисоко покачување на пензиите.
Во текот на изминатите четири и пол години просечната пензија е зголемена за над 2.000 денари, а пензиите се исплаќаат редовно и навремено.
На дело ја покажуваме грижата за пензионерите, за сите граѓани и за компаниите.
Показател за тоа е и фактот што растат и платите, веќе од први април минималната плата ќе изнесува 18.000 денари, а просечната плата за месец јануари изнесува безмалку 30.000 денари, односно 29.980 денари.
И во време на криза преземаме ефикасни мерки за заштита на животниот стандард и за ликвидноста на компаниите.
Редовно и внимателно ја следиме состојбата и подготвени сме да преземеме дополнителни мерки во интерес на граѓаните и на домашната економија.
Центар за комуникации со јавноста-СДСМ
Ново на Сител
-

Савески: Одлуката за жалба за „Талир 2“ ќе биде донесена по анализа на пресудата, а Ленче Ристоска ќе постапуваше доколку не поднесеше оставка
-

Зголемен бројот на ученици и студенти сместени во домови и интернати
-

Жителка на неготинско Долни Дисан измамена за 49.087 денари
-

Мицкоски: Ги исполнуваме обврските од европската агенда, реформите продолжуваат и покрај блокадите на Изборниот законик
-

Кај кавадарчанец пронајдени и одземени 262 куршуми, 51 ловни патрони
-

За шест месеци на ГП „Блато“ кај Дебар минале над 778 илјади патници, што е историски рекордна фреквенција
-

Водата во Гостивар забранета за пиење
-

1.200 пациенти со повраќање, дијареја и температура побарале медицинска помош во Гостивар
