СДСМ: Платите продолжуваат да растат, вработените во градинките со повисоки плати од 16 отсто

Владата предводена од СДСМ и Министерството за труд и социјална политика продолжуваат со реализација на мерките што се во интерес на граѓаните и даваат реални резултати.
Со исплатата на јунската плата, стручниот кадар во градинките доби зголемување во просек од 16 отсто што е околу 3.000 денари во нето износ по вработен.
Зголемувањето на платите се прави согласно Законот за вработените во јавниот сектор и со него се опфатени над 3.100 вработени, односно воспитувачи, негователи, стручни работници и стручни соработници-педагог, психолог, логопед, дефектолог и други за вршење на работи поврзани со дејноста згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст.
Истовремено се зголемуваат и платите на помошно техничкиот персонал во градинките, покачување што е усогласно со Колективниот договор.
Со планираното покачување од 5 отсто во септември годинава вработените во детската заштита ќе добијат уште едно зголемување со што вкупното покачување на платите ќе биде 21 отсто што е најголемо до сега.
Во изминатите две години отворени се 24 нови градинки, а досега се обезбедени 1.400 согласности за вработувања во градинките.
Владата предводена од СДСМ и ресорното министерство продолжуваат да вложуваат во подобрување на условите за работа во детската заштита и да спроведуваат мерки за унапредување на раниот детски развој којшто е клучен за понатамошниот развој на секое дете.
Ново на Сител
-

Без победник на првите три натпревари од последната рунда во квалификациите за Лигата на шампионите
-

Блумберг“: САД ја проверуваат лојалноста на сојузниците во НАТО
-

Вкупно 37 пожари на отворено низ државата изминатото деноноќие, три се активни
-

Обединетите Арапски Емирати објавија дека сите трговски, економски и финансиски трансакции со Иран се суспендирани
-

Најмалку девет лица загинаа во пожар во хотел во Калкута
-

Сончево и топло со локална облачност, попладне во планинските региони можен дожд
-

Зголемен интензитет на сообраќајот надвор од градските средини
-

Клековски: ПЕТ-скенот не е расипан, проблем е циклотронот, се прави сè што е можно побрзо да се набават суровини за него
