-->
-->
СДСМ: Освен соработниците на Мицкоски никој друг нема на блокадите на сообраќајниците
-->
![]()
Граѓаните испратија јасна и силна порака до докажаниот губитник Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека не даваат поддршка на нивните погубни политики.
Со дебаклот на протестите на ВМРО-ДПМНЕ народот одново ги порази обидите за блокади и деструкции.
Ниту еден граѓанин повеќе не верува во пласираните невистини и манипулации од белата палата. Затоа освен соработниците на Мицкоски никој друг нема на блокадите на сообраќајниците.
Повеќе од јасно е дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се плашат државата да успее, да се деблокира процесот на интеграција кон ЕУ, па затоа се обидуваат да нанесат штета на државните интереси од страв и очај.
ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека нема да успеат. СДСМ парламентарното мнозинство, Владата нема да дозволат државата да се турне во изолација како во времето на режимот заради личните и партиските интереси на Мицкоски.
Како одговорна и државотворна партија продолжуваме со посветена работа, со реформи кои водат до забрзана интеграција во ЕУ и подобар и поквалитетен живот за сите граѓани.
Центар за комуникации на СДСМ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почина актерката Ленче Делова
-

ЦУК со вонредни информации за поплавите, се интевернира на критичните места
-

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено
-

УХМР: Најмногу дожд во Гевгелија, Штип и Попова Шапка
-

Идентификуван и уапсен сторител на разбојништво во Штип
-

Силекс од 1:0 до победа од 2:3 во Струга
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
