СДСМ: Остваривме уште едно значајно ветување - минималната плата изнесува 20.175 денари
Остваривме уште едно значајно ветување дадено пред граѓаните и пред работниците: со СДСМ минималната плата изнесува 20.175 денари.
Година и половина порано, го реализираме ветувањето дадено пред граѓаните и работниците на изборите во 2020 година.
Со СДСМ работникот го добива она што го заслужува, достоинствена плата за работата што ја извршува.
Заврши времето кога работниците беа третирани како евтина работна сила, кога земаа едвај 9.000 денари плата.
Се грижиме за работниците. СДСМ го цени, го вреднува и го почитува работничкиот труд.
Зголемувањето на минималната плата е особено значајно во време на криза, затоа што го јакне стандардот на работниците.
Растот на минималната плата е системско решение договорено со синдикатите и работодавачите и минималната плата ќе продолжи да расте, согласно растот на трошоците за живот и растот на просечната плата.
Сето ова е потврда за грижата на СДСМ за работниците. Ова е потврда и за успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ, доказ дека македонската економија стабилна и конкурентна.
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите
-
Рјабков: Русија и САД наскоро ќе се договорат за нова рунда преговори
-
ЦУК: Активни девет пожари, под контрола четири
-
ОН: Јуни годинава е месец со најмногу цивилни жртви од почетокот на војната во Украина
-
МНРиНТ со осуда на изјавите на Георгиев, во Министерството повикан на разговор бугарскиот амбасадор Радуков
-
Прогласена елементарна непогода во пет градови и 11 општини во Србија поради пожари
-
Нова дигитална услуга на МВР: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење
-
Уапсени две лица од Куманово, палеле кабли на дива депонија