СДСМ: Од денеска укинати квотите за лекови на рецепт, се грижиме за сите граѓани
Владата предводена од СДСМ го исполни ветувањето за укинување на квотите за лековите на рецепт. Граѓаните сега можат да го подигнат потребниот лек од која било аптека, кој било ден од месецот, без страв од недостиг на лекови.
Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт го решаваме деценискиот проблем со недостиг на лекови, турканиците кај матичните лекари и во аптеките на почетокот на секој месец. Со оваа мерка, истовремено се зголемува контролата при издавањето на лековите од позитивната листа на Фондот за здравствено осигурување и се елиминира фаворизирање на аптеките и спречување на конкуренција.
Со конкретни мерки и политики во здравството докажуваме што значи вистинска грижа за пациентите, за здравствените работници, за подобрување на условите во јавните здравствени установи.
Во рамките на мерките за подобрување на здраствениот систем, квотите за лекови стана минато, воведени се три нови инсулини и дополнителни 10 инсулински пумпи за дијабетичарите, значително се зголемени средствата за нови лекови за лицата со ретки болести.
Го вративме достоинството на здравствените работници со покачување на платите, а од ноември ќе се зголеми капитацијата на матичните лекари. Се спроведуваат активности, со кои на младите здравствени работници им се овозможуваат подобри услови за работа дома.
Продолжуваме со мерките и политиките што ја враќаат довербата во јавното здравство и ја зголемуваат грижата за граѓаните.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот

