СДСМ: Нова влада за да се реши проблемот со невработеноста на младите
СДСМ смета дека невработеноста на младите што, според Државниот завод за статистика, минатата година надминала 48 проценти, е сериозен проблем за економската иднина на Македонија.
Како што стои во денешното партиско соопштение, и Светска банка алармираше за младинската невработеност од 53 отсто во земјава. Затоа, додава СДСМ, најмалку 626.312 граѓани заминаа од Македонија, од кои најголемиот број млади.
- Ова потврдува зашто мора итно да се овозможи формирањето на новата реформска влада. Преку младинска гаранција за вработување, пракса или дошколување по завршувањето факултет, преку старт-ап центри со бесплатен деловен простор, поволни кредити за микро бизниси, основање фирма со едно евро,... ќе ги отвориме перспективите за вработување, напредок и кариера на младите и ќе ги мотивираме да работат и живеат во Македонија, наведува СДСМ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата