СДСМ: Нема да успеат обидите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја загрозат правната држава
Нема да успеат обидите на Мицкоски и тајкуните на ВМРО-ДПМНЕ да ја загрозат правната држава, сите отворени случаи мора да се разрешат а виновниците да одговараат
Единствената агенда на ВМРО-ДПМНЕ беше и останува одбрана на криминалот на режимот.
ВМРО-ДПМНЕ одработува за тајкуните од режимот и обвинетите криминалци, надевајќи се дека ќе ја поткопаат правната држава, дека нема да се донесе новиот закон за ЈО, дека нема да станеме членки на ЕУ а вистинските криминалци да ги спасат и да ги претстават како жртви.
Лицата кои се на снимките се директно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, како Орце, Кичеец, но и други за кои се водат истраги, исто како и лицата кои ги објавуваат материјалите.
Објавените снимки потврдуваат дека премиерот Заев нема никаква вмешаност, сосема спротивно, токму тој го пријави, повикува до крај да се расчисти случајот, се бори за правда преку градење на независни и функционални институции кои вистински се борат со криминалот и корупцијата.
Нема да успеат обидите на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ги загрозат случаите што се водат против криминалите на режимот и нивните тајкуни.
Секој, од прв до последен поврзан со овој случај мора да одговара, вклучително и тајкуните на режимот.
Сите предмети, од ,,Империја” и ,,Талир” преку „Тврдина“ „ТНТ“, „Топлик“ „Тарифа“ ,,Трезор“, па се до „Титаник” и ,,Тревник” мора да бидат расветлени до крај и сите за кои ќе се утврди вина да одговараат.
Ново на Сител
-

Ученик нападнал соученик со тврд предмет во основно училиште во Аеродром
-

Не застанал на полициска наредба, па со „мерцедес“ удрил полицаец
-

Радовишанец се заканувал на вработени во странска амбасада, заврши на психијатриско посматрање
-

Андоновски: Европската оценка е важна потврда за напредокот во дигиталната трансформација
-

Мицкоски: Продолжуваме со реформите за економски развој и подобар животен стандард
-

Посебен сообраќаен режим кон градските гробишта поради Задушница
-

Шасивари: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот мора да се одземе
-

Во Берото утрово најстудено, во Гевгелија 3 степени

