СДСМ: Нема да дозволиме некој да се богати на грбот на граѓаните
Цената белиот и полубелиот леб е замрзната на 33 денари, за заштита на стандардот на граѓаните во време на глобална криза.
Со помошта од државата за струјата, со моменталните цени на суровините, 450 грама леб не би требало да се продава за повеќе од 33 денари, во кои се вклучени и 6 денари како профит што останува кај пекарите.
Владата предводена од СДСМ обезбеди далеку пониска цена на струјата за пекарите од 80 евра за мегават час, што е скоро како за домаќинствата во период, во ноември лани, кога електричната енергија на берзите беше околу 300 евра за мегават час.
Субвенционираната електрична енергија им се укинува, бидејќи компаниите кои што ја користеа не ги намалија цените на производите што беше главна цел на мерката.
Антикризните мерки, во чии рамки минатата година беа насочени 760 милиони евра кон граѓаните и компаниите имаат за цел да ги ублажат последиците од економската и енергетската криза, а не едни да плаќаат, a други да профитираат.
СДСМ нема да дозволи богатење на грбот на граѓаните.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-

Електронски листи за операции
-

ФЗО: Иако буџетот е ист како лани ќе има скапа терапија за онколошките пациенти
-

Тема на денот со Димитар Николовски, Евротинк
-

Протест со барање да се вози без возачка дозвола
-

Крмзов седна на обвинителна клупа, одговара за даночна измама
-

Обвинителството отвори предмет за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД
-

Мицкоски: Да се воздржиме од коментари додека трае истрагата
-

ССМ поднесе иницијатива за намалување на функционерските плати за 80%
