СДСМ: Напредокот во Извештајот на ГРЕКО е потврда за успесите на Владата во борбата против корупцијата
Владата предводена од СДСМ продолжува со силната посветеност во спречување на корупцијата и незаконското дејствување во македонското општество.
Последниот Извештај на ГРЕКО за Република Македонија за препораките од петтиот круг на евалуација нотира напредок во делот за препораките за борба против корупција, што претставува доказ дека борбата против коруптивните дејствувања во нашата земја е реална и ефикасна.
Препораката за објавувањето на имињата и висината на хонорарите на советниците на Владата и министрите, како и фактот дека за сите советници се применува тестот за интегритет е оценета од ГРЕКО како целосно реализирана.
Позитивна оценка доби и носењето на новиот Кодекс за етичко однесување, а посебен акцент е ставен на фактот дека се постапува согласно сите одредби од Кодексот, односно дека веќе има случаи на разрешени функционери.
ГРЕКО истакнува дека Владата предводена од СДСМ обезбедила значителни финансиски, материјални и човечки ресурси за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата.
Во однос на МВР, Извештајот потенцира дека е постигнат успех во исполнување на препораките за јавно објавување на сите претставки и предлози покренати за дисциплинска и кривична одговорност на полициските службеници, назначување на посебни лица за интегритет и спроведување на континуирани обуки за сите полициски службеници.
Досега, имплементирани се 13 од 23 забелешки на ГРЕКО, а останатите ќе бидат имплементирани до септември идната година.
СДСМ како одговорна државотворна партија продолжува да креира и реализира мерки и политики кои значат бескомпромисна борба против сите видови на корупција.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Македонските граѓани кои планираат да патуваат од аеродромот во Тирана, на 15 и 16 мај треба да пристигнат 3 часа пред летот
-
Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП 2027
-
Мерц: ЕУ ќе воведе построги санкции кон Русија доколку неделава во Истанбул нема напредок во преговорите
-
Рјабков: Русија и Украина би можеле во Истанбул да разговараат за одржлив мир
-
Сакајте се така ќе ги сакате и другите | Даниел Трбогазов | Личен развој |Sitel Podcast 094
-
Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене
-
Кривична пријава против измамник од Скопје, измамил две лица за над 100.000 евра
-
Владата ја усвои информацијата за набавка на инсулин и друга медицинска терапија за дијабетичарите