СДСМ: Над 17 милиони евра кај земјоделците за само една недела
Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ, продолжува со вистинска грижа за земјоделците.
Во еден ден, на сметките на околу 24.000 земјоделци кои одгледуваат житни култури, исплатени се близу седум милиони евра основни субвенции.
Со ова, се стимулираат над 100.000 хектари земјоделска површина со поледелско производство.
За 2023 година, владата предводена од СДСМ издвои над 200 милиони евра наменета за директна помош и инвестиции во земјоделството.
Минатата недела, во пресрет на празникот Свети Трифун беа исплатени близу 10 милиони евра кон 15.000 лозари.
Тоа значи дека за само една недела кон земјоделците се исплатени 17 милиони евра директна поддршка за зголемено и поквалитетно домашно земјоделско производство.
Како одговорна партија, СДСМ останува да биде искрен партнер на земјоделците и заедно со нив да креира мерки и политики што го унапредуваат домашното земјоделство.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-

Шест лица приведени во акциска контрола во Карпош, пронајдена дрога
-

Црвена ѕвезда го совлада шампионот на Евролигата
-

Иран повторно со нови напади кон Израел
-

Мицкоски: Трагедијата во Кочани е еден од настаните во историјата на нашата држава што не се мери со време, туку со болката што ја остава зад себе
-

ЦУК во координација со институциите: Ангажирани два армиски хеликоптери за пожарот на Јабланица
-

Муцунски: Од земја која во минатото бараше помош, денес сме држава која ги штити своите граѓани и им помага на пријателите
-

Иран: Американските напади врз Харг не ја оштетија нафтената инфраструктура
-

Северна Кореја истрела десетина ракети кон Јапонско Море
