СДСМ: Милошоски и Мицкоски бранат криминал и се обидуваат да саботираат полициски акции

Да, тоа е истиот Милошоски против кого пред македонските судови се водат предмети и тоа за основано сомневање за криминал со имот, користење на лустрацијата за уништување луѓе заради лична одмазда.
Токму неговиот шеф Христијан Мицкоски го руши меѓународниот углед на Република Македонија со тоа што јавно пласираше информации за акција и истрага која е во тек и која се спроведува со нашите партнери и сојузници.
Мицкоски и Милошоски се на браникот на криминалот, во одбрана на криминалците, против правдата и законите.
Независна, професионална истрага треба да ги даде одговорите зошто шефот на ВМРО-ДПМНЕ, стоел во одбрана на криминалци и има ли некакви должничко доверителски односи кон нив за да морал да саботира сложена полициска операција?
На Мицкоски и Милошоски треба конечно да им стане јасно Владата предводена од СДСМ не прави компромиси со криминалот, оној којшто го прекршил законот мора да сноси одговорност.
Ново на Сител
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка