-->
-->
СДСМ: Милитаристичките изјави на Мицкоски покажуваат дека е заложник на Апасиев
-->
Христијан Мицкоски е политичар без став и визија за стратешките прашања и делува против интересите на државата и на граѓаните.
Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ стануваат заложник на популистичките политики и потпалувачките реторики на Левица, кои се испречуваат на европскиот пат на државата и се натпреваруваат со нив во штетното политичко делување.
И милитаристичките изјави на претседателот Мицкоски на ВМРО – ДПМНЕ, и тоа во делот каде што тој кажува како бил доброволец и победувал во војна, покажуваат дека тој е заложник на Апасиев.
Концептот на Левица и нивниот заложник ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во изолација од европските текови, назад во минатото.
СДСМ од друга страна е преводник на концептот за европска Македонија и придвижување на нашата држава во семејството на европските држави, бидејќи нашите граѓани, сегашни, идни генерации заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ, меѓутоа дома во нашата држава, а не во туѓина.
Центар за комуникации со јавноста
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Францускиот премиер ќе ги укине доживотните привилегии за поранешните премиери и министри за внатрешни работи
-

Експлозија одзеде најмалку 10 животи во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана
-

Женско првото бебе годинава во Кавадарци
-

Честитка за Новата година од претседателот на Уставниот суд Костадиновски
-

Искусни планинари први на 1-ви го освоија врвот Пелистер
-

Минусни утрински температури - најстудено на Попова Шапка, 15 степени под нула
-

И во 2026 година, евтина дневна тарифа од 13:00 до 15:00 часот
-

Градоначалник на Њујорк Мамдани денеска ја презема функцијата
