СДСМ: Мицкоски промовира проекти од нашите градоначалници
Денеска Христијан Мицкоски повторно промовираше проект оставен од претходните градоначалници од редовите на СДСМ.
Проектот во Охрид на кој денеска Мицкоски како партиски лидер учествуваше е проект изработен од претходната општинска администрација предводена од Константин Георгиевски и СДСМ, со поддршка од Министерството за транспорт и врски.
Мицкоски со неговите увиди врши груба партизација на општините. Во кое својство Мицкоски врши увиди па дури и разговара со директори на Јавни претпријатија под надлежност на општините?
Дали Државната комисија за спречување на корупцијата, ќе реагира за оваа злоупотреба или чека некој друг да поднесе претставка?
Мицкоски со ваквите постапки само докажува дека не е излезен од режимската матрица, од времето кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ беше и премиер и министер и градоначалник.
Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски е само копија на неговиот ментор и криминалец во бегство, Никола Груевски.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Наставник во средно училиште во Чаир нападнат од свој поранешен ученик
-
Тетовчанец, управител на приватна фирма, измамен за сума од 145.360 долари
-
Потешкотии во мобилната телефонија на А1
-
Едно лице почина откако со товарно возило излетало од патот и се забило во заштитна ограда
-
27-годишен кавадарчанец физички ја нападнал својата баба
-
Откриен идентитетот на двете жртви од вчерашната сообраќајна несреќа
-
Претрес во Битола, пронајдена марихуана
-
Лице од демирхисарско ја запалило плевната на свој соселанец