СДСМ: Мицкоски призна дека вршел притисок во МВР за истрага против него
Христијан Мицкоски праќал пораки и се јавувал по телефон кај вработени во Министерството за внатрешни работи за да врши притисок за истрагата за неговата посета на фитнес центар во време кога нивното работење е забрането.
Тоа, Мицкоски не само што го призна туку и јавно се пофали дека го сторил тоа и ќе го сторел и повторно ако требало.
Според истото признание на Мицкоски, притисокот е извршен со помош на Наќе Отсјај, што отвора други основи за одговорност. Тоа е класично дејствување по режимската матрица на ВМРО-ДПМНЕ од кој Мицкоски не е мрднат ниту милиметар.
По кој закон, со какви овластувања пропаднатиот спортист и политичар Мицкоски се јавувал кај службени лица за да интервенира за истрага во која токму тој е предмет?
Секому му е јасно дека кој било граѓанин, па дури и претпоставено лице, а најмалку претседател на политичка партија, забрането е да му се јавува на службено лице кое врши истрага и да се интересира за неговиот случај.
Техничкиот министер Наќе Отсјај наместо да му го посочи тоа на Мицкоски, постапил сосема спротивно па дури му обезбедил и телефонски број од службеното лица со што му помогнал на Мицкоски во вршењето притисоци.
Ова е сериозно кривично дело и затоа јавноста очекува Обвинителството по допрен глас да отвори истрага за ваквото незрело, несериозно, но пред се незаконско дејствување на Мицкоски и Чулев.
Истовремено, јавноста очекува епилог и од истрагата за посетата на Мицкоски на теретаната и истата да ги даде одговорите на сите досега поставени прашања.
Ново на Сител
-
Ангелов: Се уште активен еден крак на пожарот во ловиштето Јасен
-
Приведен 48-годишник, се заканувал кон поранешната сопруга и нејзината мајка
-
Се заканувал на неговата сопруга, приведени две лица од Зајас, при претрес пронајдени се оружје и муниција
-
Уписи на Скопскиот Универзитет, слободни над 9700 места за бруцоши
-
Андоновски ќе го презентира новиот Национален електронски систем за управување со документи – еДМС
-
Приведени три лица, при претрес на возилата пронајдена е дрога | ФОТО
-
Алкараз го освои Мастерсот во Синсинати, Синер го предаде мечот поради болест
-
Макрон: Украина мора да има силна армија како гаранција за мирот