СДСМ: Мицкоски потврди, ВМРО-ДПМНЕ е континуитет на Ванчо Михајлов
Ванчо Михајлов е дел од континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ и тоа треба да се почитува.
Ова се зборови на никој друг туку на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Мицкоски се потврди како докажан лицемер, додека јавно го осудуваше отворањето клубови со имиња на контрозверзни историски личности, тој јавно на национална телевизија кажа дека требало да се почитува тоа што Ванчо Михајлов е дел од континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ.
Со тоа Мицкоски го потврди она што одамна се знаеше, дека ВМРО-ДПМНЕ денеска е партија којашто е иделошки поклоник на луѓето кои што биле извршители на Третиот Рајх.
Токму ВМРО-ДПМНЕ во чест на Ванчо Михајлов изгради спомен куќа во Штип и постави восочна фигура во природна големина во музејот во Скопје.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат никакво право да зборуваат за патриотизам и национални интереси, тие се заглавени во минатото и освен штета на националните интереси, освен поделби меѓу граѓаните ниту можат ниту сакаат нешто друго да понудат.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-

Што државата треба да преземе за да се справи со кризата
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Психолог од Битола во притвор, осомничен во истрага за детска порнографија
-

Државата ќе проценува кои препораки за штедење гориво се применливи кај нас
-

Поскапе храната во светот, објави ФАО
-

Три нови услуги за високо образование воведени на порталот Е-услуги
-

Ректорите на државните универзитети потпишаа Меморандум со агенцијата ИНОВА: Поддршка за истражувања и студентски стартапи
-

СДСМ бара Уставен да ги укине измените на Законот за внатрешни, ВМРО-ДПМНЕ: СДС не треба да зборува за безбедноста
