СДСМ: Мицкоски не разбира што е демократија
Христијан Мицкоски не знае што е училиштем а што Урбана заедница. Заглавен во белата палата како слуга на Груевски тој воопшто не си ја познава сопствената земја.
Чиста лага и незнање е тврдењето на Мицкоски. Не станува збор за училиште туку за простории на Урбана заедница, поточно Урбана заедница Тризла 1 во Прилеп.
Ниту едно од сите 237 избирачки места за директните внатрепартиски избори во СДСМ не беше во училиште и сите се со регуларни договори по сите прописи.
Првите директни внатрепартиски избори во СДСМ се пример не само за највисок степен на демократија туку и за одлична организација и по сите стандарди за заштита на здравјето.
Не е првпат Мицкоски да шири лажни вести каде ќе стигне, тој е познат извор на невистини.
Ама Мицкоски има уплав од демократија, голем страв има од сопственото членство, од граѓаните, затоа три дена плаче.
Не разбира Мицкоски што е демократија, напредок и одговорност, тој знае само да лаже и да брани криминалци.
Би го повикале Мицкоски да учи од овие чекори на СДСМ за врвна внатрепартиска демократија но нема капацитет ниту за тоа, очигледно е.
Ах Мицкоски, толку многу незнаење и лаги има во тебе што е срамота.
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.