СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да ги земат парите на граѓаните од вториот пензиски фонд, а не сакаат да се откажат од државното финансирање
Mицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да ги земат парите на граѓаните од вториот пензиски фонд, а не сакаат да се откажат од државното финансирање.
И во време на најголемата здравствена криза Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да посегнат по парите на граѓаните.
Предлогот на Мицкоски за префрлање на средствата од приватниот пензиски столб во државниот е чиста национализација. Во вториот столб свои средства имаат над 500.000 луѓе и никој не смее да се впушти во таков интервенционизам без да ги праша тие луѓе.
Очигледно дека навиката во белиот сворец, само да земаат а да не се откажат од ништо се уште е присутна и во вакви кризни времиња.
Наместо да предлагаат национализации на пензиските фондови, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба веднаш да се откажат од парите што партијата ги добива од Буџетот а ослободените средства да се искористат за побрзо справување со здравствената и економска криза.
Сега, кога државата се соочува со најголемата здравствена и сериозна економска криза, потребена е солидарност од сите, но тоа не јавноста не го гледа од ВМРО-ДПМНЕ, партијата која останува доследна на својата матрица да им ги зема парите на граѓаните.
Ново на Сител
-
Бошков: Доцнењето со оперативниот план втурна 10.000 лица да работат на црно
-
Преглед на вестите од светот
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд
-
Преглед на вестите од светот
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз