СДСМ: Мицкоски е на спротивната страна на идеалите на Гоце Делчев
Бранителот на криминалот и неправдата, Христијан Мицкоски е на спротивната страна на идеалите на великанот и борец за социјална правда, Гоце Делчев. Тие двајца никако не можат да одат заедно.
Тоа, му го порачаа и граѓаните на изборите на 15 јули. Токму во градот Делчево Мицкоски убедливо беше поразен со над 1.000 гласа разлика. Ако Мицкоски не успеа да ги убеди граѓаните на Делчево дека тој е за Гоце Делчев, тогаш бадијала се обидува да глуми пред другите граѓани дека ја разбрал визија и идејата на Делчев.
Дали потрчкото на неправдата, Мицкоски, повторно ќе протестира со луксузни возила за борецот за социјална правда Делчев?
Колку и да му е тешко, Мицкоски треба да знае дека неговите деструктивни политики на се поразени, граѓаните решително испратија порака дека нема му дозволат преку лажен патриотизам и деструкција да ја враќа државата назад.
Ново на Сител
-

Кошта: Усвојувањето на договорените уставни измени останува единствен начин за формално почнување преговорите
-

Сиљановска-Давкова положи венец пред Споменикот на слободата во Девин
-

Мицкоски го пречека Кошта, по тет-а-тет средбата ќе има состанок на двете делегации и заедничка прес-конференција
-

Канал 12: Напнат разговор меѓу Нетанјаху и Трамп околу израелските напади врз Бејрут
-

Собир на граѓани го блокира сообраќајот на „Бутелска“
-

Антонио Кошта пристигна во Скопје
-

Во Вашингтон нова рунда директни преговори помеѓу Израел и Либан
-

Најмалку 16 луѓе повредени во невреме во Јапонија
