СДСМ: Мицкоски е фатен во лага, граѓаните дознаа за шемите со Груевски за хидроцентралите
Антинародниот пион Христијан Мицкоски петти ден се крие зад конфузни реакции на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.
Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Хидро Мицкоски се фатени во лага, граѓаните дознаа за шемите со Груевски, како се стекнати хидроцентралите.
Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ првично тврдеше дека Хидро Мицкоски има удел од 7 отсто во компанијата „Енерготек“ ДОО Скопје. Потоа, истото тоа антизападно раководство тврдеше дека Хидро Мицкоски има удел од 7 отсто во сосема друга компанија односно во „Енергомонт“, за вчера антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ да тврди дека Мицкоски има удел од 7 отсто во конзорциумот „Минка-Енерготек“.
Три дена, три различни тврдења. Антинародното раководство на ВМРО ДПМНЕ не може само со себе да се договори што да излаже.
Јавноста денеска ја дозна вистината: компанијата “Енерготек ДОО Скопје“ каде удел има Мицкоски, има удел од 99% во конзорциумот „Минка-Енерготек“.
Очигледна е спрегата на антизападниот пион Мицкоски со криминалите на Груевски и таа излегува на површина.
Затоа Хидро Мицкоски останува само заштитник на криминалите на неговиот ментор Груевски, стои во соопштението испратено од Центарот за комуникации со јавноста Социјалдемократски сојуз на Македонија.
Ново на Сител
-
Пронајден череп и коски слични на човечки во штипско
-
Пробиштип: Товарно возило удрило во 68-годишна жена
-
Таксист измамил Швајцарец во Скопје за 7.800 денари
-
Двајца косовски државјани тешко повредени во сообраќајка
-
Зеленски: Следната недела нова размена на затвореници со Русија
-
Израелскиот воздушен простор останува затворен за цивилниот сообраќај
-
Во МНР формиран кризен штаб достапен 24 часа за македонските државјани од Израел и Иран
-
Николоски и Трајановски извршиле вонреден надзор над активностите за изградба на автопатот Кичево-Охрид