СДСМ: Мицкоски да прекине да работи против својот народ и својата држава
Очигледно е, Христијан Мицковски нема за цел да биде коректор на политиките на власта, бидејќи за тоа треба став и знаење, туку кочничар на се што е прогресивно и во интерес на граѓаните.
Мицкоски ја лаже јавноста дека е патриот а не направиш ништо за државата и работи против граѓаните.
Во партиската програма на ВМРО-ДПМНЕ се зборува за НАТО а на дело да Мицкоски го кочеше зачленувањето и не се израдува на членството.
Сега ровари во Армијата и безбедноста во очајнички обид да го девалвира членството во НАТО.
Неговата ВМРО-ДПМНЕ, столбот на државноста, Армијата, ја остави со стари чизми, стари униформи, без дневници, во руинирани касарни, со стара и дотраена опрема.
Мицкоски зборува за демократија и прогрес а единствената меѓупартиска соработка му е онаа со Никола Груевски, неговиот шеф.
Христијан Мицкоски треба да знае дека „еретик“ е оној што се одметнува од својот народ, од неговите интереси.
Мицкоски треба малку да излезе од белиот дворец, да види дека граѓаните имаат други потреби и да прекине да работи против својот народот и својата држава.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Венко Крстевски, независен советник и кандидат за в.д. градоначалник на Кочани
-
Притвор за четворица, куќен за шестмина ново осомничени за пожарот во Кочани
-
Стабилна е состојбата на повредените во пожарот во Кочани кои се на лекување во старата Градска болница
-
Во Вреди секој вреди, но кој ќе излезе ќе го изеде волкот
-
АХВ уништи небезбедно месо, јајца и бои за јајца
-
Неизвесен стартот и површините кои треба да бидат посеани со ориз
-
Објавен повикот за млади земјоделици - државата дава 10.000 евра
-
Кичевчани стравуваат за своето здравје - депонијата ги гуши