СДСМ: Мицкоски да објасни за скандалот со Цех, а институциите треба да го истражат
Надлежните државни институции треба да постапат и да го истражат сомнителното финансирање консултанти во 2016 и 2017 година, за кој во Германија пратеник си поднесе оставка, откако индиректно го призна ВМРО-ДПМНЕ.
Скандал ја тресе белата палата по оставката на пратеникот на германската Христијанско-социјална унија, ЦСУ, Тобијас Цех, кој, според германските медиуми „Шпигел“ и „Фокус“ во 2016 примал исплати од петоцифрени суми, за консултантски услуги од ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски пред граѓаните треба да каже која била неговата улога тогаш како генерален секретар, а потоа и како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во крајно сомнителното финансиско работење на неговата партија.
Мицкоски е должен да излезе пред јавноста и да одговори од каде се овие огромни суми пари и на кој начин биле исплатени?
Тој е должен пред граѓаните, како и пред партиското членство и да одговори за сите скандали со финансиското работење на партијата што ја предводи.
Партијата која денеска е со замрзнат имот, со блокирани сметки е пример за неодговорно, расипничко и недомаќинско работење.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ шест пати е казнета од граѓаните, затоа уште долго ќе остане во опозиција.
Центар за комуникации со јавност на СДСМ
Ново на Сител
-
Трамп најави дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон
-
Трендафилов: Загрижува што нема договор за зголемување на минималната плата
-
Се проширува истрагата за Епстајн: На удар „роденденската книга“
-
Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски
-
ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено до 18 часот, три под контрола, седум изгаснати
-
Без вода утре делови од општина Ѓорче Петров
-
Странски државјани приведени на „Табановце“, носеле бела прашкаста материја и таблети
-
Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025