СДСМ: Mицкоски да не се кити со туѓи перја
Мицкоски очигледно не може да помири со туѓите успеси. По втор пат неделава се кити со туѓи перја. Откако пред два дена ја најави, денска се фали со пуштање во употреба на канадската компанија „Магна Мехатроникс“, претставувајќи ја како негова придобивка и како „нова странска инвестиција“.
ДПМНЕ и Микоски трба да знаат дека инфрмациите за оваа компанија се јавно достапи, а и граѓаните памтат. Штипјани знаат дека оваа фабрика беше најавена уште во мај 2023 година од тогашниот премиер Димитар Ковачевски и Владата на СДСМ.
Премиере Мицкоски не ви доликува на функцијата да се фалите дека и оваа странска инвестиција е резутат на вашите политики. Оваа кандска компанија е резултат на позитивните економски политики што ги водеше Владата на СДСМ и кои резултираа со подобрување на бизнис климата, отворање на нови странски инвестиции и нови работни работни места.
Ова не е ништо друго освен потврда на неспособност и безидејноста на ВМРО ДПМНЕ за водење економски политики и привлекување на странски иневстиции. Речиси една година Владата на Мицкоски нема донесено ниту една значајна странска инвестиција, а економијата стагнира. Единственото што ДПМНЕ го прави е сечење ленти на веќе реализирани проекти од претходната влада.
Наместо да промовираат веќе промовирани инвестиции и да се служат со ефтин ПР, ДПМНЕ и Мицкоски треба да се соочат со реалноста и да погледнат што се случува во државата. Економијата ни од далеку не расте, а животниот стандард на граѓаните го допре дното.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник
-
Бимилк го одбележува светскиот ден на млекото
-
Како Асмир Јахоски доби времен пасош?
-
Мицкоски: Бугарските европратеници сакаат да додадат „сегашен“ македонски индентитет во извештајот на ЕП
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица, но со право да гласа и дијаспората
-
НАТО вежба „Брз одговор“ на Криволак