СДСМ: Мерките за помош на економијата даваат резултати
Официјалните статистички податоци потврдуваат дека мерките за надминување на последиците од коронакризата, креирани и реализирани до институциите предводени од СДСМ даваат резултати.
Со четирите пакети мерки 860 милиони евра завршија директно кај граѓаните и во стопанството.
Во јануари е регистрирано зголемување на просечната плата од 2,7 отсто, како и раст од 0.8 отсто на прометот во внатрешната трговија. Се забележува постепено намалување на стапката на невработеност, додека вработеноста е соодветно зголемена.
Во однос на преткризниот период, бележиме раст на буџетските приходи. Растот на вкупните приходи е 4,4 отсто, додека 5 отсто е растот на даноците и придонесите.
Во јануари, извозот има номинален раст од 15,4 отсто на годишна основа, увозот на стоки раст од 5,3 отсто со што трговскиот дефицит во јануари се намали за 29 проценти.
Согласно економските показатели и очекувањата, предвидено е оваа 2021 година македонската економија да се врати на стабилни стапки на раст, платите да продолжат да растат, а невработеноста да се намалува.
СДСМ продолжува со креирање и реализација на мерки и политики за поддршка и поттикнување на домашната економија.
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Реактор истражување: Кој се грижи за мајчинството, менталното здравје и невидливиот товар на очекувањата?
-

Власта и опозицијата со нови обвинувања за притворот на Груби
-

Сад и Израел го нападнаа Иран
-

Амбасадата со поддршка за граѓаните
-

Анализа на нападот и одмаздата
-

Македонци од Доха и Дубаи за Сител: Слушнавме експлозии, но засега е мирно
-

Анализа со домашни експерти: Очекувани ли беа нападите меѓу САД и Иран?
