СДСМ: Лични асистенти ќе им помагаат на лицата со попреченост

Следејќи ги потребите на граѓаните, особено на лицата со попреченост и нивните семејства Владата предводена од СДСМ и надлежното Министерство за труд и социјална политиките, за првпат во Македонија воведуваат Програма за персонална асистенција на лица со попреченост.
Програмата којашто целосно ќе се финансира од Буџетот на Република Македонија, обезбедува персонална асистенција за 100 лица на возраст од 18 до 64 години, кои имаат потешка или најтешка физичка попреченост или се лица со целосно оштетен вид.
Личните асистенти ќе бидат лица кои ќе поседуваат сертификат за завршена обука за стекнување вештини за лична асистенција, потврдена од Јавната установа Центар за образование на возрасни и ќе им помагаат на лицата со попреченост при извршувањето на нивните секојдневн лични и домашни активности,
За реализација на Програмата веќе се обезбедени 17.500.000 денари од Буџетот на Министерството за труд и социјална политика, а во Оперативниот план за мерки и услуги за вработување за 2018 година предвидени се средства за обука на 100 невработени лица, по што тие лица ќе бидат вработени.
Со ова се решава долгогодишната потреба на лицата со попреченост, и во иднина ќе придонесе за нивно независно и самостојно живеење. Владата предводена од СДСМ продолжува да води грижа за сите категории на граѓани, а преку спроведувањето на зацртаните мерки продолжува да работи на создавање на ефикасен систем на социјална заштита и одговрни институции коишто нудат навремени и ефикасни услуги за сите граѓани.
Ново на Сител
-

Дизелот поскапува за 6 денари, бензините за 3 денари за литар
-

Тема на денот со Арун Кумар Саху, амбасадор на Индија во Македонија
-

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат
-

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат
-

Повеќе од 3000 граѓани со стомачни тегоби во Гостивар побарале лекарска помош
-

Политички реакции за епидемијата на заразна болест во Гостивар
-

Пад на трошоците за живот во јули: Синдикалната минимална кошничка намалена за 156 денари
-

Новите амбасадори во Лондон, Хаг и Камбера добија зелено светло од Собранието
