СДСМ: Криминална партија, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ со кривична пријава да си поднесе оставка
Оставка да си поднесе пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески од Прилеп, против кого Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Ристески се сомничи дека во периодот од октомври 2015 до август 2017 година, како директор на прилепската болница, без да распише тендер, набавил 190.000 килограми мазут, во вкупна вредност од околу 5.500.000 денари.
Народниот избраник Ристески нема ниту храброст, ниту доблест да се откаже од пратеничкиот имунитет и да им се стави на располагање на правосудните органи, туку се крие зад нарачани изјави на советници од неговата партија, кои безуспешно се обидуваат да ги забошотат фактите и бројките изнесени во кривичната пријава и да го бранат она што ниту смее, ниту може да се брани.
Тоа е криминалната матрица на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот селективен пристап кон борбата против корупцијата и криминалот.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, кој се луксузира во незаконски стекнатата Бела палата, за која судот наложи конфискација, да побара оставка од својот сопартиец.
ВМРО-ДПМНЕ треба да се соочат со реалноста дека правда има и правда мора да има, а секој што го прекршил законот мора да одговара.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Во кој суд ќе им се суди на обвинетите за пожарот во „Пулс“?
-
Клековски: Повредени од трагедијата во Kочани да не бараат консултации и процедури надвор од утврдените протоколи
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
Мицкоски: Бугарија врши жестоки притисоци во пресрет на гласањето на извештајот
-
Филипче тврди дека власта има драматичен пад на рејтингот, Мицкоски ја обивнува опозицијата за предавство
-
ВМРО-ДМНЕ и ЗНАМ со заеднички кандидати за градоначалници
-
„Македонско село“ ги отвори портите за посетители
-
Преглед на вестите од светот