СДСМ: Ковачевски со Бајден, Мицкоски со Апасиев, тоа е разликата
Претседателот на СДСМ при посетата на САД се сретна и со американскиот претседател Џо Бајден.
Посетата на САД, Ковачевски ја искористи да оствари средби со неколку европски државници, да ја закане меѓународната позиција на државата, да гради нови партнерства во време на светска економска и енергетска криза.
И додека Ковачевски прави дипломатски напори, Христијан Мицкоски заедно со неговиот единствен поддржувач, Димитар Апасиев дејствува на штета на граѓаните и државата.
Додека Ковачевски прави напори да обезбеди доволно електрична енергија и енергенси, додека Владата ги покачува пензиите и платите во бројни сектори, Мицкоски ги блокира инситуциите, изигрува шпицен градоначалник, обвинуван е за вмешаност во спорни тендери и се испорака со голем број од опозициските партии.
Тоа е разликата помеѓу одговорниот државнички однос на Ковачевски и СДСМ и деструктивноста и неодговорноста на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Центар за комуникации со јавноста-СДСМ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николовски, министер за транспорт и врски
-
Бројката на повредени во трагедијата во Кочани надмина 200 - Во Македонија на лекување се 54 пациенти и се стабилни
-
Од идната недела ќе почне враќањето на дел од повредените на лекување во странство
-
Затворени 2 угостителски објекти, пуштале музика во денови на жалост, контролите продолжуваат
-
Засилени контроли во општините по трагедијата во Кочани
-
Собир на граѓани во Кочани
-
Големиот пожар што избувна доцна попладнето во близина на Струмица е изгаснат
-
Преглед на вестите од светот