СДСМ: Им помагаме на ранливите граѓани во време на криза
Владата го усвои Предлог Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза.
Овој Закон како дел од пакетот антикризни мерки, обезбедува финансиска поддршка за најранливите категории во време на криза и опфаќа околу 200.000 граѓани.
Во следните четири месеци финансиска помош од 3.000 денари или вкупно 12.000 денари предвидено е да добијат - корисниците на право на социјална сигурност на стари лица; корисниците на посебен додаток; корисниците на правото на надоместок заради попреченост; лица со попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост и самохрани родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош.
Финансиска помош од 3.000 до 6.000 денари за период од четири месеци ќе добијат и пензионерите кои имаат пензии до 14.000 денари.
Република Северна Македонија е социјална држава и тоа се докажува преку двата пакета мерки донесени оваа година, вредни над 750 милиони евра,
Тие мерки се во насока на помош и поддршка на оние категории граѓани кои имаат најмногу потреба од тоа.
Сите пратеници да го поддржат предлог Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза со цел помошта кон граѓаните да започне да се исплаќа веќе следниот месец.
Во време на криза, никој нема да биде оставен сам, грижата за сите граѓани продолжува.
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-

Властите во Каракас не знаат каде се Мадуро и неговата сопруга, бараат „итен доказ дека се живи“
-

Следува потопло време, локални врнежи од дожд - пообилни кон средината на идната седмица
-

Уапсено лице од Дебрца, возел со 2,21 промили алкохол во крвта
-

Николоски: Брза пруга на Коридор 10, доизградба на Коридор 8, продолжуваме со крупни проекти во железницата
-

Трамп наредил напади врз Внецуела
-

Димовски: Уставните измени се последната отстапка што Македонија може да ја направи, но само ако добие гаранција од ЕУ
-

Експлозии во Каракас, забележани и авиони во низок лет - Мадуро прогласи вонредна состојба
-

Најстудено во Струмица, најмногу дожд во Лазарополе
