СДСМ: И во криза растат платите, просечната е близу 30.000 денари, минималната 18.000 денари
Економските мерки и политики на СДСМ и Владата што ја предводи даваат резултат.
Со СДСМ, и во кризно време, платите растат многу побрзо и значително, што е особено важно во време на глобална економска и енергетска криза, за поддршка на животниот стандард за граѓаните.
СДСМ е на чекор кон исполнување на едно од најважните изборни ветувања – просечна плата од 30.000 денари.
За месец јануари 2022 година, просечната плата изнесува 29.980 денари, односно е за шест отсто повисока од истиот месец лани.
Платите растат и во сите сектори. Минималната плата веќе ја зголемивме на 18.000 денари, што е двојно повеќе во однос на времето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ кога изнесуваше едвај 8.800 денари.
Освен покачувањето на платите, обезбедивме и пакет антикризни мерки од 400 милиони евра со кои им се помага на граѓаните и на компаниите и кои веќе даваат резултат.
Сите овие реални, видливи резултати ја потврдуваат успешноста на економските политики на СДСМ.
Во услови на најголема криза, СДСМ со вистински мерки и политики се грижи за животниот стандард на граѓаните.
Центар за комуникации со јавноста-СДСМ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Мицкоски го повика Филипче лично да му го претстави планот за лидерска
-
СДСМ бара одговорност за Тошковски
-
Денеска нема исписи на пациенти повредени во пожарот во Кочани – 105 во болниците во земјата и странство
-
Детектор анкета: Стабилна поддршка за ЕУ членство, песимизам за прием
-
Големо парче лим откорнато од зграда во Капиштец виси на дрво и може да падне врз минувачите
-
Граѓаните од муслиманската вероисповед денеска го празнуваат Рамазан Бајрам
-
Апел за обука на угостителите