Македонија
2. July 2020 - 16:44

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во предизборие за преговарачката рамка за Македонија донесена од ЕК

Утврдената преговарачка рамка од Брисел денеска централна тема во двата главни изборни табори. Кој е заслужен за тоа што Макеоднија стигнала пред портите на Европската унија, но и побитно кој треба да ја добие довербата за да ја води државата низ преговорите и да го заокружи членството.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, симболично пред влезот на Собранието со македонски и европски знамиња во присуство на носителите од шестте изборни единици посочи дека рамката е доказ дека измантите три години државата чекорела по вистинскиот европски пат,но и дека за преговорите неопходна е влада која ќе ја води СДСМ.

Ова е многу сериозен процес кој може да го води само политичка влада, про-европска Влада, демократска Влада предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата „МОЖЕМЕ“. Докажавме дека знаеме и умееме да ја водиме државата по вистинскиот пат, низ стабилни и сигурни води, во патека на постојан развој, стабилност и демократија. Влеговме во НАТО! Денеска, докажуваме: Можеме и во ЕУ! Затоа почитувани граѓани, на 15 јули масовно да излеземе на гласање и да дадеме поддршка овој пат и оваа успешна приказна да продолжи успешно за сите граѓани, за сите нас, изјави Заев.

Заев посочува дека тоа што во преговарачката рамка е наведено дека европското зкаонодавство треба да се преведе на македонски јазик е потврда дека Брисел го признава нашиот јазик како засебен.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак, велат дека  овој предлог текст за преговарачката рамка не е воопшто причина за некоја голема прослава како тоа што го претставува СДСМ, туку само след на редовна процедура. Дополнително, велат од партијата на Мицкоски, Македонија допрва е исправена пред нови пречки и услови, особено околу македонскиот јазик и историските личности и настани оспорувани од источниот сосед. Решението е само влада формирана од ВМРО-ДПМНЕ.

Заклучокот е јасен. СДСМ е меѓу главните пречки на Македонија на патот кон Европа. ВМРО-ДПМНЕ нуди решение за таа пречка на претстојните избори. Со тоа ќе се исполнат и суштинските услови Македонија да ги отвори преговорите и да отпочне внатрешна европеизација на Македонија. Со победата на обновата ќе почне градењето на независна судска власт, неселективна борба против криминалот и економски напредок на државата.

Карваните на колициите „Можеме„ и „Обнова“ денеска имаа теренски активности и средби со гражани во повеќе изборни единици.