СДСМ: Граѓанскиот концепт „Едно општество за сите“ ги победува стереотипите

Нашето општество се менува на подобро. На многу подобро.
Граѓанскиот концепт “Едно општество за сите” ги победува стереотипите. Времето на поделби заминува во историјата.
Моноетничкиот концепт кога партиите се обраќаа само во својот етнички кампус е поразен.
СДСМ ја гради најголемата, најразноликата и најмоќната предизборна коалиција до сега и токму затоа таа е победничка.
Предизборната коалиција со Движењето Беса е заеднички чекор со кој мултиетничкиот карактер на Северна Македонија го пресликуваме во конкретна програмска и кадровска понуда.
Нашата визија за Северна Македонија е економски силна и стабилна држава, праведна земја, членка на НАТО и ЕУ и тоа заедно со граѓаните ќе го оствариме.
Градиме општество кое се води од еднаквоста, праведноста и правичноста. Градиме држава во која има шанса за сите.
Победничка коалиција предоводена од СДСМ ќе работи макотрпно, посветено, истрајно со една и единтвена цел – за подобар живот на нашиот народ. За подобро денес и подобро утре на сите наши граѓани и за сите наши деца.
Со здружени сили, заедно, можеме многу подобро и многу повеќе!
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
